Mercedes-Benz е синоним за моќ и престиж, па поради тоа во својата историја секогаш ја привлекувал влијателната елита, од славните личности па до светските лидери кои на важните состаноци пристигнуваат во луксузната S-класа.
Но, брендот понекогаш привлекува и некои непожелни клиенти, па така ништо не може да се спореди со преубавиот но озлогласен Mercedes 770K Grosser Offener Taurenwagen. Ова возило кое некогаш го користел Адолф Хитлер, се појавило на аукција пред неколку години, но не било продадено. Сепак, медиумските извештаи говорат дека сега овој автомобил нашол нов сопственик, а тоа наводно е австралискиот политичар Clive Palmer. Автомобилот е купен од руски милијардер. Поради ваквиот потег, австралиската влада не е задоволна, па Palmer ги демантирал овие информации. Министерката з авнатрешни работи на Австралија го предупредила дека доколку навистина го купил овој автомобил, тој ќе се соочи со законот.
Парламентарецот Patrick German исто така го изразил на Twitter своето незадоволство, тврдејќи дека нема причина за увоз на таков автомобил во Австралија, без оглед дали се работи за милијардер или не. Дополнително, поради санкциите кон Русија, Palmer со овој потег го прекршил законот. Инаку, автомобилот е погонуван од 7,7 литарски V8 мотор, кој развива 227 hp. Долг е 6, широк 2,1 и висок 1,9 метри. Неговата маса е 4.800 kg.