Германскиот производител на автомобили Mercedes Benz, ќе започне изградба на нова фабрика за рециклирање батерии во Купенхајм. Капацитетот на фабриката според планот ќе изнесува 2500 тони литиум јонски батерии годишно. Технолошки партнер на познатиот производител на автомобили е приватната фабрика за рециклирање на батерии Primobius.
Според зборовите на застапникот на Mercedes, тие сакаат во своите објекти веднаш да започнат со рециклирање, што значи дека сами ќе ги расклопуваат батериите, ќе ги дробат деловите и по потреба ќе додаваат вода во добиената смеса. После таа постапка, со помош на одредени хемикалии ќе се издвојуваат одделни елементи како никел и кобалт. Стручњаците кои се определени за работа на рециклирањето, како голема потешкотија го посочуваат проблемот на автоматизација на процесот на рециклирање во големи количини. Другиот германски автомобилски гигант Volkswagen, веќе две години тестира многу слични методи, за рециклирање на автомобилски батерии.