На 3ти април во Московскиот регион ќе биде отворена новата фабрика на германскиот автомобилски гигант „Мерцедес“. На свеченото отворање ќе присуствува и германскиот министер за економија, а настанот ќе биде искористен и за реализација на билатерални разговори на министерско ниво. Руската агенција ТАСС, истакнува дека изградбата ан оваа фабрика започнала во јуни 2017 година, а проектираното ниво на инвестицијата е 300 милиони евра. Планираното годишно производство е 25.000-30.000 возила, а фабриката треба да вработува 1000 работници.