„Мерцедес Бенц“ подготвува терен за пласирање на првиот камион со целосно електричен погон, а по се судејќи тоа ќе се случи многу побрзо од потенцијално најголемиот ривал на ова подрачје „Тесла Моторс“.
„Мерцедес“ потврди дека производната верзија на електричниот камион базиран на студијата Urban e-Truck, прикажана мината есен на салонот во Франкфурт, наскоро ќе излезе на улиците. Интересот е огромен, а во понудата ќе има камиони од 18 и 25 t. Камионот ќе има досег од 200 km, и два мотори со моќност од по 250 kW.
Извор: SEEbiz