развојот на овој модел започнал уште во 1968 година. Приоритетите на развојниот тим биле подобрена безбедност за патниците, подобрување на внатрешниот простор и ново ниво на доверливост. Токму затоа, моделот брзо станал омилен меѓу таксистите и такси компаниите. Дури и по помината „дебела“ километража, овие возила завршувале во земјите од третиот свет како многу ценети модели поради својата прилагодливост и по нерамни патишта и незахтевноста во однос на одржувањето. Во текот на неговиот „живот“, моделот претрпел два редизајна – во 1979 и во 1982 година. Во 1982 година интегрирани се и воздушни перничиња како дополнителна опрема. Последниот примерок од овој модел бил произведен во јануари 1986 година.
Mercedes – Benz W123: Маратонец за кој милион километри беа шега
„Кралот“ на сите такси возила, роден е во Штутгарт во 1975 година, како модел позициониран под S класата. За W123 важи девизата дека бил и останал еден од најсигурните автомобили, кој на брендот му го обезбедил статусот на издрживост и квалитет, бидејќи за овој маратонец и милион километри биле лесна задача. Mercedes Benz W123 за прв пат бил претставен на славната тркачка патека Paul Ricard во Франција. Веќе во првата година целокупното производство на овој модел било распродадено за кратко време, а купувачите чекале и до една година за испорака. СЕ појавил и црн пазар, на кој купувачите биле подготвени да платат повеќе за побрза испорака. Моделот бил толку популарен, така што и половните модели се продавале по цена на ново возило.