Насловна / Архитектура / Mercedes – Benz во архитектонска авантура: Претставен луксузен облакодер во Мајами

Mercedes – Benz во архитектонска авантура: Претставен луксузен облакодер во Мајами

Mercedes-Benz, реномираниот производител на луксузни автомобили, неодамна го прошири својот интерес и во областа на архитектурата, претставувајќи го својот прв проект на тлото на САД. Откако пред неколку месеци е објавено дека ќе изгради исклучително висока зграда во Дубаи, објавени се новите планови на компанијата. Во прашање е луксузна станбена кула во познатиот кварт Brickell во Мајами, наречена Mercedes-Benz Places in Miami.

1_12

 

Проектот го потпишува SHoP Architects, архитектонско студио познато по како American Copper Buildings и Brooklyn Tower, додека за развој на проектот е задолжена компанијата JDS. Зградата ќе има 67 ката, што укажува на тоа дека ќе биде еден од доминантните објекти во панорамата на градот. Изгледот на оваа кула се одликува со сложена структура налик на повеќе кутии кои се меѓусебно поврзани, со што се создава исклучителен визуелен идентитет.

 

Овој дизајн е плод на филозофијата Sensual Purity, која ја застапува Mercedes-Benz и тежнее кон спојување на интелигенцијата и емоцијата низ јасни форми и привлечни површини. Емотивниот аспект на оваа филозофија се манифестира низ флуидни, од природата инспирирани линии и облици, додека техничката прецизност доаѓа до израз низ карактеристичниот дизајн. Облакодерот ќе има 791 станбени единици, а на долните катови ќе има и деловен простор, хотел, продавници и сл. Изведбата на објектот е веќе во тек, а планирано е да заврши во 2027 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top