Mercedes-Benz го потпиша првиот корпоративен договор за откуп на електрична енергија од обновливи извори во Германија, со што се приближи на својата цел до 2022 година да обезбеди енергија без емисии. Договорот е потпишан со норвешкиот државен енергетскиот гигант Statkraft, најголемиот европски производител на енергија од обновливи извори.
Mercedes-Benz ќе откупува електрична енергија од шест ветерни паркови во Долна Саксонија и Бремен со вкупна моќност од 46 MW, за производство на електричниот автомобил EQC. Во Европа се зголемува бројот на корпоративни договори за откуп на енергија од обновливи извори, а во идните пет години според WindEurope се очекува уште поголем пораст.