Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz, планира да гради ветерна електрана на својата тест патека во Папенбург во северна Германија, чија моќност ќе надминува 100 MW. Таа ветерна електрана би покривала повеќе од 15% од годишните потреби за електрична енергија на групацијата Mercedes-Benz во Германија. Како дел од своите настојувања да до средината на деценијата изгради ветерни електрани со значителна моќност, Mercedes-Benz исто така планира и долгорочен договор за откуп на електрична енергија со партнер. Исто така, компанијата ги испитува и можностите за инвестирање во фотонаонски системи.
Споменатата локација со површина од околу 800 хектари е дел од истражувачките и развојни активности на компанијата од 1998 година. Со овој проект, Mercedes-Benz среднорочно сака да го прошири своето портфолио на зелена електрична енергија и истовремено активно да го поддржи развојот на копнени ветерни електрани во Германија.