Насловна / Вести / Mercedes-Benz ќе го претстави својот електричен камион eActros 600 во октомври

Mercedes-Benz ќе го претстави својот електричен камион eActros 600 во октомври

Mercedes-Benz Trucks ќе одржи светска премиера на 10-ти октомври на која ќе ја претстави сериската верзија на камионот eActros LongHaul, но со нов дизајн и ново име eActros 600. Ознаката 600 е изведена од капацитетот на батеријата во kWh – како кај eActros 300/400 за дистрибутивен транспорт. Големиот капацитет на батеријата и новата посебно ефикасна електрична погонска оска развиена во компанијата, овозможуваат домет од околу 500 километри со едно полнење. Благодарение на ниската потрошувачка на енергија, e-камионот, кој ќе с епродава како нов eActros 600, треба да биде најекономичниот камион на долги релации на компанијата Mercedes-Benz Trucks во споредба со конвенционалниот дизел Actros. Производителот очекува е-камонот значително да ја забрза трансформацијата на патниот товарен сообраќај кон CO2 неутралните погони. Mercedes-Benz eActros 600 ќе се произведува на постоечката монтажна лента во фабриката Верт, паралелно и флексибилно покрај камионите со дизел погон.

actros1

Суштината на концептот на Mercedes-Benz Trucks за транспорт на долги релации со електричен поон е да им понуди ан купувачите холистичко решение кое се состои од технологија на возилото, консалтинг, инфраструктура за полнење и услуга. Се очекува eActros 600 да биде вистински избор за купувачите во поглед на профитабилноста, одржливоста и безбедноста.

actros2

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top