Насловна / Вести / МЕПСО ќе гради нов далновод од Штип до Пробиштип

МЕПСО ќе гради нов далновод од Штип до Пробиштип

МЕПСО ќе гради нов далековод од Штип до Пробиштип, со што компанијата започнува процес на реконструкција на шест 110 kV далеководи, инвестициски циклус вреден над 21 милион евра

МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110 kV  далековод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. По тој повод  Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО и Ерион Муши, претставник на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија го потпишаа договорот за изградба на новиот далновод.

Далноводот што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“ ќе биде долг 27,2 километри и ќе биде поставен на 111 челично-решеткасти столбови.

5-5-2014-195_forweb-2

Овој линиски енергетски објект ќе се гради на истата траса на која сега поминува 110 kV далекувод што ги поврзува двете трансформаторски станици и е во функција 45 години, од 1972 година. Изградбата на новиот далековод ќе трае 12 месеци.

 

Испрати коментар

Scroll To Top