Насловна / Вести / МЕПСО гради двосистемски далновод во Битола

МЕПСО гради двосистемски далновод во Битола

mepso bitola_1

АД МЕПСО почна со поставување проводници од новиот двосистемски 110 кВ далновод кој ги поврзува трансформаторските станици ТС Битола 3 до ТС Битола 4, инвестиција вредна 2,3 милиони евра која опфаќа изградба на 12 километри комбиниран далновод поставен на 44 столбни места и дополнителни 600 метри подземен двосистемски кабел.

mepso bitola_2
На денешната прес конференција во Битола, портпаролот на АД МЕПСО Никола Стојанов истакна дека станува збор за препоследната фаза од реализацијата на овој проект во кој се поставуваат проводниците на трасата, а потоа ќе бидат поставени интегрирано заштитно громобранско и оптичко јаже за трансфер на податоци.
Во функција на проектот, веќе се изградени и опремени со високонапонска опрема пет далекуводни полиња од кои две во трансформаторските станици Битола 2 и Битола 3 и едно далекуводно поле во ТС Битола 1, потврди Стојанов.

mepso bitola_3
„Во пелагонискиот регион се наоѓа најголемиот производител на електрична енергија во нашата држава, а со енергетскиот прстен околу Битола ќе ги сведиме на нула сите можни ризици од испад и без напонски состојби“, посочи портпаролот Стојанов.
Од АД МЕПСО информираа дека во текот на вчерашниот ден е објавен меѓународен тендер за избор на консултант за изработка на проектите што се наопходни за да се реализира проектот за електроенергетско поврзување меѓу Битола и Елбасан, Албанија.

Испрати коментар

Scroll To Top