Њујоршката компанија CityRealty претстави серија проекции на коишто е прикажано како ќе се менува изгледот на Менхетн до 2018 година.
Во речиси 12 години, колку што Мајкл Блумберг ја врши функцијата градоначалник на Њујорк, тој има одобрено безброј градежни проекти кои секојдневно продолжуваат да го менуваат изгледот на Големото јаболко. Така, до 2018 година на хоризонтот на градот ќе се појават уште 12 нови облакодери од кои повеќето се станбени и канцелариски, а ќе бидат изградени околу Централ Парк.
Долниот дел на Менхетн и натаму продолжува да се развива побрзо од горниот бидејќи лошиот глас на северните делови на островот спречуваат инвестирање на големи суми пари во нивниот развој.