Насловна / Архитектура / Меморијалниот комплекс во Штип, на архитект Богдан Богдановиќ честа мета на вандалско однесување

Меморијалниот комплекс во Штип, на архитект Богдан Богдановиќ честа мета на вандалско однесување

Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип — меморијален комплекс кој се наоѓа на источната страна од штипската тврдина Исарот, посветен е на партизаните кои загинале во НОБ. Автор на споменикот е големиот архитект Богдан Богдановиќ, кој ја добил првата награда на конкурсот распишан за споменикот. Изградбата на комплексот започнала во 1969 година, а завршен е во 1974 година.

spomenik4_resize

spomenik1_resize

Се состои од два дела. Во првиот дел, поставени се три исправени блокови од прилепски мермер, кои ја отвораат содржината од 92 мермерни столпчиња на кои се испишани имињата на загинатите борци во Втората светска војна.  Во првичната верзија биле 88 мермерни столпчиња, но потоа се дополнети со уште 4 имиња на загинати.

spomenik6_resize

Вториот дел, се надоврзува на првиот, се отвора кон галеријата на повисокото ниво. Во вториот дел се поставени 12 мермерни амфори, во чиј центар се единствени геометриски орнаменти во форма на сонце, афион, цветови и друго, кои го симболизираат нашето поднебје и една мермерна амфора на која има стихови од Ацо Шопов:

Тука е тој оган под овие улави води,

под овој бигор животот што го плоди.

 

Под овој венец со сончеви глави,

под оваа далга со карпи што се дави.

 

Со него за убост поубав е цветот,

без него за цел свет посиромав светот.

 

Крстот ни е лесен, пепелта не ни е лесна

мртвите живеат со нас и со нашата песна.

Споменикот ги преживеа сите овие децении, без видливи механички оштетувања на формата. Освен повремени вандализирања, од типот на графити.

spomenik5_resize

„Согласно надлежностите дадени со Законот за меморијални споменици и спомен-обележја и Законот за локална самоуправа, Општина Штип покажува посебна грижа за спомен- обележјата кои се на нејзина територија, но и за одбележување на настаните и личностите, низ посебна Програма која ја усвојува Советот на секои пет години. Водејќи сопствен регистар за евиденција на спомен-обележјата, кои се 70 на број, периодично се следи нивната состојба и во случај на какво било нарушување на истите се преземаат мерки за заштита и обновување.  Годишните извештаи за состојбата на спомен-обележјата говорат за перманентни сериозни  оштетувања на голем број на спомен-обележја кои се израз на вандалско однесување на неодговорни поединци. Најчесто се тоа испишани графити, но во потешки случаи и механички оштетувања. Во таа смисла како најкомплексен, веројатно и според местоположбата, на удар е Спомен-обележјето на паднатите борци од НОБ на Исарот, кое последните неколку години е мета на вандалско однесување. Општина Штип на неколку наврати со „пескарење“ ги отстрануваше графитите, за да следното утро се појават нови“, вели Кирил Панајотов, советник во Општина Штип.

spomenik2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top