По повод одбележувањето на четири години од терористичкиот напад во Норвешка, при што животот го изгубија 77 лица, на островот Utøya е поставена меморијална скулптура наречена The Clearing, дизајнирана од студиото 3RW.
Скулптурата се состои од метален прстен на којшто се испишани имињата на загинатите, а е поставена во шумскиот предел на островот. Како дел од целиот процес на изработка, активно учествувале и дел од семејствата на жртвите, а првично тоа и била целата замисла на самите архитекти.