Насловна / Вести / Мелбурн повторно прогласен за најдобар град за живеење

Мелбурн повторно прогласен за најдобар град за живеење

Melbourne-Australia1

Мелбурн е најдобар град за живеење во светот веќе шеста година по ред, според глобалното истражување на „The Economist” . Интересно е дека во последните неколку години не се менува ниту редоследот на петте прворангирани. Зад Мелбурн, следуваат Виена, Ванкувер и Торонто, додека Аделаид и Калгари го делат петтото место. Градоначалникот на Мелбурн, Robert Doyle го прослави пласманот и вели: „Не можам да дочекам да му се јавам на градоначалникот на Ванкувер”. Имено, Ванкувер долго важеше за број еден се додека во 2011 титулата ја презеде Мелбурн, пренесува Guardian.

Melburn

Рангирањето се спроведува така што секој град добива одреден број бодови (1-100) за одделни категории, при што 100 бода се добиваат за идеални услови за живот а 1 за неприфатливи. На дното на листата се наоѓаат  Техеран и Дамаск. Мелбурн го задржа првото место врз основа на следните бодови: сигурност (95), здравствен систем (100), култура и заштита на животната средина (95,1), образование (100) и инфраструктура (100).

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top