Насловна / Архитектура / Мелбурн: Фотоволтаична фасада за повеќе енергија

Мелбурн: Фотоволтаична фасада за повеќе енергија

melburn-fotovoltaicni-fasadi3

Компанијата Peddle Thorp Architects изгработи проект за стамбена кула во Мелбурн, со површина од 1173,5 квадратни метри. Кулата „Sol Invictus“ која е „замотана“ во целост во соларни панели има 10 пати поголема соларна површина во споредба на класичните соларни панели поставени на крововите. Се работи на импрегрирана фасада со соларни панели чија површина достигнува до 5.000 метри квадратни во низа.

melburn-fotovoltaicni-fasadi1

Покрај исклучително пространите и комфорни станови со повеќе содржини, проектот дава и врвни решенија по прашањето на соларната и енергијата на ветерот. Во таа смисла, главната кула „Sol Invictus“  е малку закривена со цел нејзино максимално изложување на сончевата светлина и да биде под максимално оптоварување од ветерот, зголемувајќи ја на тој начин добивката од овие обновливи извори на енергија.

melburn-fotovoltaicni-fasadi4

Фасадата вклучува црни фотоволтаични ќелии кои функционираат оптимално во периодите на интензивно сончево зрачење, додека глазираното фотонапонско стакло e најдобро при облачно време. На врвот од зградата сместена е ветерна турбина. Дизајнот на кулата „ублажува“ и други прашања врзани со локацијата, како што е ограничувањето на директната светлина од соседниот автопат, а претставиува и добра врска меѓу предградието и центарот на градот.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top