Мелани Грифит и Антонио Бандерас се еден од ретките холивудски парови кој поминал 18 години во брак.
Нивната љубов дојде до крајот и овој пар сега се разведува. Затоа, тие одлучиле да го продадат својот долгогодишен дом, Hancock Park Estate, по цена од 16,1 милиони долари. Двојката ја купи вила во 1999 година, во вредност од 4,2 милиони долари, а и соседниот имот во вредност од 1,3 милиони долари. На тој начин, тие создале имот од 1,5 хектари, каде се наоѓа вила од 1.500 м2, дизајнирана од познатиот американски архитект Гордон Б. Кауфман. Овој имот има уредени тревници, органска градина, базен и неколку градини.
Оваа вила која датира од 1925 година има сочувано многу од оригиналните детали, и многу од нив се реставрирани. Таа има 13 спални соби и 11 бањи, еден банкет сала на две нивоа, трпезарија со рачно насликани тавани, библиотека и четири камини. Тука е и лифтот што ги поврзува трите нивоа.