Овој имот на Мел Гипсон во Костарика со поглед на Тихиот Океан, кој има своја приватна џунгла, прв пат се појавил на пазарот во 2010 година со цена од 32 милиони долари. Во 2012 година, цената на имотот паднала на 29,8 милиони евра, а сега познатиот актер бара 29,7 милиони долари. Овој имот се состои од три вили изградени во шпански колонијален стил.
Главната двокатна вила, Casa Guanacaste, која има поглед на плажа, изградена е во стилот на хациенда, и има седум спални соби и осум бањи, голема градина и базен. Двете гостински вили имаат по две спални соби, веранда, закривени тавани, комплетно опремена кујна и приватен базен.
Гибсон го купил имотот во 2007 година за да избега од папараците што го следеле по цели денови, додека минувал низ многу тешки лични периоди. Овој имот е навистина нешто посебно, и рај за љубителите на осаменост и оние што сакаат да се релаксираат и да уживаат во животот без љубопитните погледи.