Насловна / Архитектура / Мексиканскиот павилјон за ЕКСПО 2015 во Милано – во форма на пченка

Мексиканскиот павилјон за ЕКСПО 2015 во Милано – во форма на пченка

мексикански павилјон_2

Архитектонското биро Loguer Design неодамна го претстави проектот на мексиканскиот павилјон што ќе биде изграден на претстојниот Светски Експо 2015 во Милано. Бирото победи на националниот конкурс за проектирање на павилјони. Павилјонот е во форма на преклопени исушени класја од пченка, оддавајќи почит на една од најважната храна во Мексико, како и во однос на темата на следното Експо „Хранење на планетата, Енергија за живот“.
Пченката се припитомила пред околу 8000 години во мексиканскиот регион, и таа има значајна културна, социјална и економски улога во Мексико. Фасадата во форма на пченка е обвиткана околу надворешноста на павилјонот и има симболична функција, но исто така помага во филтрирање на дневната светлина и ја штити внатрешноста од суровото сонце. Секое парче на заоблената ПВЦ мембрана ќе биде лесно и префабрикувано заради полесно поставување, и ќе биде прикачено на главната структура преку врзните елементи.

мексикански павилјон_1
Внатрешноста на павилјонот се состои од бујна реплика од помал обем на одржлив систем за наводнување, кој бил користен во мексиканскиот басен во текот на владеењето на кралот Незавалкојотла (1429-1472).
Системот на рампи во павилјонот ќе ги води посетителите низ разни внатрешни градини, системи за вода и музејски простори. Павилјонот, исто така, ќе се состои од влезен плоштад, централен двор и ресторан.

Испрати коментар

Scroll To Top