Насловна / Архитектура / Мексиканска оаза: Хациенда со сопствен плоштадот во дворот

Мексиканска оаза: Хациенда со сопствен плоштадот во дворот

Casa Gabriela е куќа во мексиканскиот град Мерида која во своите ѕидови крие простор кој обично е резервиран за центарот на населбата.

2_resize

Архитектонското биро TACO arquitectura, проектирајќи ја куќата се водела од идејата од ова место да се создаде простор кој зрачи мир и хармонија. Одделена од улицата и сместена во сопствената приватна оаза, куќата добива своја лична пиацета, која всушност е мал плоштад карактеристичен за локалната мексиканска архитектура. Во овој простор, домаќините ќе можат да организираат дружења со своите пријатели.

1_resize

4_resize

Овој приватен плоштад е опремен со клупи и водени површини кои суптилно го нагласуваат влезот во куќата, пишува Designboom.

Површината на водата ја опкружува куќата, што поволно влијае на микроклимата.

3_resize

Влезниата зона е направен со помош на шуплив ѕид кој обезбедува дополнителен прилив на светлина во куќата. Освен ваквиот начин на поврзување на внатрешниот простор со природата, водата од малиот базен од плоштадот пуштена е да навлезе и во каналите во пристапниот дел од куќата.

Куќата е направена од натур бетон, а за визуелно да се стопли овој ладен материјал користени се топли бои.

5_resize

Високата температура карактеристична за овој дел од Мексико може да создаде проблем. Но, во оваа куќа користени се термоизолациони панели, а посебно внимание е посветено на системите за вентилација, со цел престојот во оваа оаза да биде што попријатен. Орнаментите на фасадата јасно покажуваат дека се работи за типична мексиканска хациенда завиткана во ново руво.

7_resize

6_resize

7_resize

9_resize 10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top