Насловна / Арт и дизајн / Мек минимализам

Мек минимализам

Menu е скандинавски дизајнерски бренд со едноставна цел: да го направи светот поубав, помалку компликуван и идеален да се разбудите во него.

4
Од 1978. година овој бренд ги користи вештините на врвните дизајнери и занаетчии во Скандинавија и ширум светот, креирајќи современ дизајн кој е чист, паметен и природен. Овие принципи кулминираат во естетиката која ја нарекуваат мек минимализам.

6
Заедно со данските модернистички корени, овој концепт им служи како основа на дизајнерите, бидејќи изнаоѓаат нови начини за да го обединат наследството со свежата визија на модерниот живот, повторно создавајќи модерни вредности кои носат неодоливи нови идеи.

7
„Cast Pendant” висечки светилки кои се креирани од Том Чанг и Џордан Марфи инспирирани се од функционални метални предмети и графичките квалитети на традиционалните тегови, кои ги користеле ѕидарите и столарите уште од древниот Египет.

3
Сестраната и природно асимилирачка расвета се вклопува во декорот на било кој простор или формирајќи скулптурална инсталација каде виси една светилка или групирани неколку светилки во впечатлива инсталација. „Cast Pendant” колекцијата ја потенцира филозофијата на Menu за мек минимализам и тивка тактилност.

2

Испрати коментар

Scroll To Top