Во периодот од 16 до 18 март, на Тара во Србија, ќе се одржи првото меѓународно советување за одржлив енергетски развој. Советувањето треба да придонесе за целосно согледување на долгорочните цели за унапредување на постоечките енергетски системи, преку зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија, одговорно користење на фосилните горива, како и воведување на современи технологии.
Процесот на енергетската транзиција во зелената економија, ќе услови големи промени во производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија. Главните теми на сосветувањето се: заштитата на животната средина и одржливиот развој, одржливиот развој во хидроенергетиката, рударството, нафтената индустрија и термоцентралите, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, природните ресурси и инвестициите во енергетиката.