Преговорите во рамките на Конференцијата за климатски промени што се одржива во Варшавa, посветени на функционирањето на новите пазари за емисии на штетни гасови синоќа завршија со неуспех.
Преговорите за создавање нови пазари за емисии на јаглерод диоксид пропаднаа, откако земјите во развој одбија да преземат поголеми обврски се додека развиените земји не вложат повеќе напори за намалување на своите емисии на штетни гасови.
Делегатите не успеаја да се договорат за прифаќање на заеднички стандарди и правила за транспарентност, иако многумина очекуваа во Варшава да биде постигната спогодба. Преговорите ќе бидат замрзнат до јуни следната година.
Меѓународната конференција во Варшава, чиј покривител се ОН, денеска навлегува во својата втора недела во атмосфера на зголемени тензии поради неуспешните преговори.
На собирот учествуваат над 9.000 делегати од приближно 200 држави во обид да придонесат за изработката на нов меѓународен договор за борба против климатските промени до 2015 година, кој би влегол во сила по 2020 година.