Насловна / Вести / Меѓународниот состанок за создавање гасен центар во Турција, одложен поради земјотресот

Меѓународниот состанок за создавање гасен центар во Турција, одложен поради земјотресот

Меѓународниот состанок за воспоставување на гасен центар во Турција, на кој е предвидено учество на земји потрошувачи и испорачатели на гас, и кој требаше да биде одржан на 14-ти и 15-ти февруари во Истанбул, е одложен поради земјотресот кој ги погоди југоисточните делови на Турција. Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, ги објави датумите за оваа конференција на крајот на јануари. Тогаш соопшти дека на состанокот е планирано да се анализира прашањето на формирање на гасен центар на турска територија, заради испорака на природен гас во Европа, а заради идејата која ја предложил претседателот на Русија.

gashub1

Имено, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во октомври наложиле детална анализа на прашањето за формирање на гасен центар во Турција, преку кој би одела испораката на гас, како алтернатива за оштетениот „Северен тек“. Притоа не станува збор само за развивање на гасен пазар во Турција, туку и развивање на инфраструктура и зголемување на испораките во јужен правец. Во тој проект би можеле да учествуваат и други земји кои и испорачуваат гас на Европа: Алжир, Катар и Азербејџан.

gashub2

 

Испрати коментар

Scroll To Top