Од 24 до 26 февруари 2016 година во местото Велс, Австрија, ќе бидат одржани „Меѓународни денови на одржлива енергија“. Во рамките на оваа манифестација ќе бидат одржани конференции за биомаса, одржливи згради и енергетски услуги, одновливи извори на енергија, енергетска ефикасност.
Ќе се одржат и две кнференции на кои ќе бидат претставени работата и достигнувањето на младите истражувачи, а ќе бидат доделени и наградите во категориите „Најдобар млад истражувач – биомаса“ и „најдобар млад истражувач – енергетска ефикасност“. Манифестацијата ја организира енергетската агенција OÖ Energiesparverband.