Централно европскиот форум за развој (CEDEF), Новосадскиот саем, Покраинскиот секретаријат за енергетика и минерални суровини и Color Press групата, организираат Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите кои ќе се одржат на 10ти и 11ти март 2016та година во Нови Сад. Во рамките на настанот, централно место ќе заземе регионалната конференција „Енергетски перспективи и предизвици“, со следните тематски сегменти: „Патиштата на нафтата во 2о16“, „Гасна сложувалка“, „Електричната енергија во регионот на Теслините наследници“, и „Дали Балканот станува „позелен“?.
Меѓународните денови на енергетиката и инвестициите, и оваа година, поттикнуваат деловни контакти и соработка помеѓу сите релевантни актери во енергетиката, градежништвото и локалниот развој во Србија и регионот и стимулираат позначајни инвестицииво оваа област. Целта е обезбедување место за претставување на проектите и пронаоѓање на адекватни финансиски партнери и партнери од струката за нивна реализација.