Насловна / Вести / Меѓународна премиера на првиот кинески патнички авион

Меѓународна премиера на првиот кинески патнички авион

Кинескиот конкурент на авионите на Airbus и Boeing, авионот C919 кој е произведен од страна на кинеската компанија Commercial Aircraft Corporation of China (COMAC), го реализираше првото патување надвор од кинеска територија, прелетувајќи над Singapore Airshow. Кина вложила огромни средства во обидот да ја надмине доминацијата на двата западни производители на авиони на глобалниот пазар на патнички авиони, и оваа година најави дека ќе вложи напори C919 да биде присутен на домашниот и на меѓународниот пазар. Моделот засега е сертифициран само во Кина, а првиот од четирите досега прозведени C919 авиони, започнал да лета минатата година во флотата на компанијата China Eastern Airlines.

comac1

Airbus и Boeing се борат да ги зголемат капацитетите з апроизводство и да ја задоволат побарувачката од нови авиони, но Boeing е во криза, па авионската индустрија следи како кинески COMAC се позиционира како алтернатива. COMAC во следните 3 до 5 години ќе вложи средства во проширување на производните капацитети за C919. Сертификацијата на авионот пре Агенцијата ан ЕУ за безбедност на авиосообраќајот започнала во 2008 година и сеуште трае.

comac2

Испрати коментар

Scroll To Top