Насловна / Архитектура / Меѓународна награда RIBA за 2021 година на болница во Бангладеш

Меѓународна награда RIBA за 2021 година на болница во Бангладеш

Со релативно скромен буџет и тешки контекстуални ограничувања, зградата изградена од локални материјали е вешто интегрирана со околината.

9

Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) ја прогласи Болницата на пријателството во Бангладеш, проектирана од Кашеф Човдури/УРБАНА, добитник на меѓународната награда RIBA 2021, биенално архитектонско признание кое во преден план ги става проектите од целиот свет кои „покажуваат извонредност на проектирање и општествено влијание“.

Оваа провинциска јавна болница, сместена во речен пејзаж, ги преведува условите на локацијата подложна на поплави во централна тема на дизајнот, создавајќи на тој начин спокојно опкружување околу водениот елемент.

Жирито го пофали внимателниот и иновативен дизајн на проектот во рамки на скромен буџет, како и користењето на локалните занаети и отпорноста на објектот на климатските услови.

2

DCIM/100MEDIA/DJI_0100.JPG

Водата како централна тема на дизајнот

По нарачка на невладината организација „Friendship“, чија мисија е да ги зајакне оддалечените рурални области, Болницата на пријателството пружа здравствени услуги на локалните заедници, каде што зголемувањето на нивото на морето ја променило животната средина, претворајќи го земјоделското земјиште во пејзаж преполн со вода, пишува ArchDaily.

15

Користејќи ја водата како централна тема на дизајнот, проектот е организиран покрај каналот што ја пресекува локацијата, одвојувајќи ги стационарните и амбулантските области. Овој канал ја собира дождовницата и помага во регулирањето на микроклимата, додека низ градините донесува светлина и природна вентилација во болничките одделенија.

7

„Болницата пријателството ја отелотворува архитектура на хуманост и заштита што ја одразува филантропската мисија на невладината организација „Friendship“ – да обезбеди достоинство и надеж на заедниците преку општествени иновации. Кашиф Човдури/УРБАНА проектираа зграда која е паметно интегрирана со околината и ги слави локалните и традиционалните материјали“, рече Одил Дек, претседателка на Големото жири на меѓународната награда RIBA.

11

„Болницата е релевантна за критичните глобални предизвици, како што се нееднаквиот пристап до здравствена заштита и разорното влијание на климатскиот слом врз ранливите заедници. Тоа е демонстрација за тоа како убава архитектура може да се постигне со добар дизајн кога се работи со релативно скромен буџет и со тешки контекстуални ограничувања. Оваа болница е прослава на зграда посветена на луѓето“, додаде таа.

16

Награда како инспирација

Изградена од локална тула, која се покажала како отпорно и евтино решение, болницата во Бангладеш има длабоко засенчени коридори и отвори кои ги штитат корисниците од жешката клима.

Жирито го ценеше фокусот на обезбедување врска на пациентите со околниот природен пејзаж, сметајќи ја Болницата на пријателството како потенцијален „одржлив и достапен план за други клинички установи во руралните области“.

17

„Во исклучително важен момент, RIBA и жирито го идентификуваа проект од глобална периферија кој ќе биде доведен во центарот на архитектонскиот дискурс и ќе биде предмет на една од најважните светски награди. Охрабрен сум што ова признание може да инспирира повеќе од нас – не покрај, туку токму поради ограничените ресурси и сретства – да се посветиме на архитектура која подеднакво ќе покаже грижа и за човештвото и за природата, како колективно би ги решиле проблемите со кои се соочуваме денес на планетарно ниво “, изјави Кашеф Човдури по прогласувањето.

20

5 6

8 4

12

14

10

19

Испрати коментар

Scroll To Top