На 15.08.2018 година, среда, ќе започне традиционалната 29-та Меѓународна ликовна колонија Галичник.
На колонијата ќе земат учество 9 уметници Стеван Којиќ од Србија, Пиотр Пиаста – Полска, Џили Ависар од Ирска, Тошихиро Сакума – Јапонија, Ирена Сладоје – Босна и Херцеговина, Танасис Раптис – Грција и Роберт Јанкулоски, Моника Мотеска и Јана Луловска од Македонија.
Кураторството на сесијата ја предводат Сања Младенов Којиќ, кустос и поранешен директор на Музејот на современата уметност од Нови Сад и организаторот на колонијата -Ана Франговска. Повеќе за уметниците ќе најдете на facebook страната на Art Colony Galichnik.
Колонијата ќе трае до 22 август, а покрај престојот и работата во Галичник, место кое со својата богата историја, традиција и природна убавина секако ќе изврши некакво влијание врз уметниците, авторите ќе имаат можност да посетат и некои од околните села, да ги видат прекрасните водопади во Ростуше, да го видат манастирот Св. Јован Бигорски, а ќе се организира еднодневна посета на Охрид.