Во Црна Гора од 21 до 23 април ќе биде одржана 45. Меѓународна конференција „Отпадни води, комунален цврст отпад и опасен отпад“. Конференцијата ја организира Здружението за технологија на води и санитарно инженерство, Здружението на водоводи на Црна Гора, Здружението на водоводи од Србија и Институтот за хемија, технологија и металургија.
Како што се наведува, целите на конференцијата се размена на искуства од областа на отпадните води, комуналниот цврст отпад и опасниот отпад. На конференцијата ќе стане збор за интегрирано управување со отпадните води, интегрираното управување со отпадот, но и опасниот отпад. Ќе се дискутира на околу 50 теми од овие области, а во рамките на конференцијата ќе се одржи и изложба на опрема и инструменти.