Групата C40, втора година по ред ја организира Меѓународната конференција која третира проблеми од областа на климатските промени и насловена е Women4Climate. Конференцијата ќе се одржи на 26-ти февруари во Мексико Сити, а ќе присуствуваат политичари, иноватори и бизнис лидери од сите делови на светот чија заедничка цел е борбата против климатските промени. Во фокусот на конференцијата е придонесот на жените во оваа област, зајакнувањето на нивната улога во борбата со климатските промени, квалитетот на воздухот, како и креирање на поодржливи и поинклузивни заедници.