Во организација на Инженерската институција на Македонија и ЕВН Македонија, на 5 јуни во Скопје ќе се одржи Меѓународна конференција посветена на жените во енергетскиот сектор, насловена “Women in energy”. Настанот ќе се одржи во хотелот Мериот, каде ќе бидат организирани повеќе панел дискусии на експерти.