Насловна / Вести / Меѓународна конференција во првиот Геопарк во Македонија: Ефекти од природни непогоди, антропогените влијанија и климатските промени врз геолошкото, природното и културното наследство

Меѓународна конференција во првиот Геопарк во Македонија: Ефекти од природни непогоди, антропогените влијанија и климатските промени врз геолошкото, природното и културното наследство

Меѓународна конференција на тема: Ефекти од природни непогоди, антропогените влијанија и климатските промени врз геолошкото, природното и културното наследство.

Конференцијата ќе се одржи на 6. и 7. мај 2022 година во Демир Капија, Р.С. Македонија (хотел „Вердисо“) во првиот Геопарк во Р.С. Македонија.

На истата ќе присуствуваат над дваесет експери – професори, доктори на науки од европски и балкански универзитети со над петнаесет презентации. Гости ке ни бидат од останатите Балкански геопаркови-Србиија, Хрватска и Словенија.

Повеќе инфо за МакГеопаркот на www.makgeopark.mk

0_resize

Геопаркови

Геопарковите го користат сето геолшко, минеролошко, историско, културно и природно наследство за да промовираат свест за клучните прашања со кои се соочува општеството во контекст на нашата динамична планета. Многу геопаркови промовираат свест за геолошките опасности, и многу помагаат да се подготват стратегии за ублажување катастрофи со локалните заедници.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Геопарковите ги отелотворуваат записите за климатските промени од минатото и се показатели за тековните климатски промени, како и демонстрирање користење на наајдобра практика, користење на обновлива енергија и користење на најдобрите стандарди за зелен туризам;. Промоцијата на туристичката индустрија во геопаркови, како географски одржлив и применлив туристички модел, има за цел да го одржи, па дури и да го подобри географскиот карактер на едно место, зголеми бројот на посетители, да ја промовира земјата на Интернационално ниво и отвора нови можности преку бројните фондови за соработка, нови истражувања и стекнување искуства, и да ги подобри условите за живеење во регионот.

04_resize

Геопарковите исто така информираат за одржливото користење и потребата за природни ресурси, без разлика дали се минирани, ископувани или искористени од околината, а во исто време промовираат почитување на животната средина и интегритетот на пејзажот. Геопарковите не се законодавна ознака иако клучните локалитети за наследство во геопаркот често се заштитени според локалното, регионалното или националното законодавство.

06_resize

Мултидисциплинарната природа на концептот за геопарк и туристичка промоција во геопарковите се разликува од другите модели на одржлив туризам. Всушност, промоцијата на одржлив туризам во рамките на геопаркот опфаќа многу карактеристики на одржлив туризам, вклучително и гео-туризам (гео-туризам: како основен фактор), туризам базиран на заедницата и интегриран рурален туризам (како витална потреба), екотуризам и туризам за културно наследство.

02_resize

Геопаркот е стратешка определба на нашата земја. Имено, Националната Стратегија за заштита на природата 2017-2027, цел бр. 4 бара да се воспостави и практикува одржливо користење на геодиверзитетот, геонаследството и другите компоненти на природата (биолошката и пределската разновидност), преку идентификување на подрачја за Европската односно Светската мрежа на геопаркови и нивно формирање.

05_resize

Првиот Геопарк во Република Северна Македонија е историски чекор и ќе значи чекор напред кон реализирање на нашите стратегии и амбиции, кон Европската интеграција и Глобалните напори за заштита на биодиверзитетот и разното наследство на Планетата, кои пак се витални за опстанокот на човештвото.

01_resize

МакГеопарк поседува уникатни каратеристики што мора да се управуваат одржливо и да се заштитат, како Лорандитот и наоѓалиштето на Талиум на Алшар, Вулканскиот и геотермален комплекс на Кожуф, Офиолитскиот комплекс од поранешниот Тетионски Океан, пештерите и Клисурата Демир Капија, со најзначајното подрачје за ретките видови птици во регионот и оргомното историско и културно наследство од пред 10,000 години.

Тоа им го должиме на наредните генерации и на целиот свет.

07_resize

Испрати коментар

Scroll To Top