Од 12-ти до 16-ти октомври во Давос, Швајцарија, се одржува Меѓународната конференција за ресурсите – за поефикасно и почисто производство. Во рамките на конференцијата ќе стане збор за еко-индустриските паркови, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси и сл. Ќе бидат преставени примери на добра практика од овие области, како и истражувања и иновативни пристапи.
Присуствуваат претставници од државни институции, развојни финансиски институции, експерти и истражувачи. Конференцијата ја организираат Организацијата на Обединетите Нации за индустриски развој (UNIDO), во соработка со Програмата на ОН за заштита на животната средина.