Од 25 до 27 мај 2016 година, во Будва, Црна Гора, ќе се одржи третата меѓународна конференција S.ARCH „Next architecture“. Се работи за меѓународен интерактивен настан кој ги собира на едно место архитектите, истражувачите и студентите по архитектура од целиот свет.
Во рамките на конференцијата ќе се одржат серија предавања од реномирани светски архитектонски студија, меѓу кои од Zaha Hadid Architects од Велика Британија и Sou Fujimoto Architects од Јапонија, понатаму предвидена е презентација на актуелни проекти, како и доделување на награда за најдобро изведен проект. Конференцијата ја организираат „RENECON International“ и „GetItPublished Verlag“ од Германија.
Повеќе детали во врска со конференцијата можете да најдете на следниот линк:http://s-arch.net/index.html