Градежниот факултет при Универзитетот во Црна Гора, во соработка со НВО „Градежништво -наука и пракса – ГНП“, организира по шести пат Меѓународна научна конференција „Градежништво – наука и практика, ГНП 2016“, во Жабљак, од 7 до 11 март 2016 година.
Главната цел на конференцијата е да се презентираат најновите достигнувања во науката и струката од областа на градежништвото. Конференцијата претставува можност за непосредни средби и размена на искуства на луѓето од регионот и пошироко од областа на градежништвото и сродните научни и практични струки.