Меѓународната конференција „Енергетика 2022“ ќе биде одржана од 21. до 23. септември 2022 во Струга, во хотел „Дрим“. Домаќините на конференцијата од здружението ЗЕМАК (Здружение на енергетичарите на Македонија) имаат подготвено тематски области за размена на искуства и планови во секторот енергетика, на регионално но и на глобално ниво. Темите на конференцијата се фокусирани на енергетски стратегии и системи, обновливи извори, управување со енергетските системи, заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа и сл. Организаторите очекуваат над 100 стручни трудови на овие теми.
Здружението ЗЕМАК оваа година одбележува значаен јубилеј – 30 години постоење. На конференцијата паралелно ќе се одвиваат презентации и постер сесии. Посебен повик за учество им се упатува на студентите, младите стручњаци и истражувачи. За дополнителни информации достапен е мејлот на здружението [email protected].