Четвртиот меѓународен симпозиум EFEA 2016 – Environmental Friendly Energies and Applications ќе се одржи во Белград од 14 до 16 септември. Главни теми се обновливите и одржливите енергетски системи, хибридните транспортни системи и енергетската ефикасност. Организатор на настанот е Електротехничкиот институт Никола Тесла, Машинскиот и Електротехничкиот факултет од Универзитетот во Белград, со поддршка на Northumbria University Newcastle и Bournemouth University од Велика Британија, како и Universite de Valenciennes од Франција.
Паралелно со EFEA 2016, ќе се одржи и првата меѓународна конференција – Multidisciplinary Engineering Design Optimization, MEDO 2016. Повеќе информации може да добиете на следните линкови:
http://medo2016.northumbria.ac.uk/index.html
i http://soe.northumbria.ac.uk/efea2016/