Насловна / Архитектура / Меѓународен салон за пејзажна архитектура во Белград

Меѓународен салон за пејзажна архитектура во Белград

Во Галеријата на наука и технологија во Белград од денес, ќе биде отворена изложба на VIII Меѓународен салон за пејзажна архитектура 2019 година, а  организатор на Салонот е Сојузот на Архитекти на Србија.

Свеченото отворање на изложбата и доделувањето на наградите е во петок.

Саемот за пејзажна архитектура во Србија постои од 2005 година, како биенална изложба. Во рамките на салонот се претставени дела од областа на пејзажната архитектура: планови, проекти, студии, публикации, мултимедијални дела и студентски дела. Во рамки на овогодинешната изложба ќе бидат изложени 72 дела. Салонот е од меѓународен карактер, па освен дела од Србија ќе бидат изложени и 38 дела од странство и тоа од 17 земји.

salon

Во рамките на Салонот, Меѓународното жири доделува награди за најдобрите дела во секоја категорија, како и големата  Grand Prix. Во рамките на салонот, за прв пат оваа година, ќе бидат доделени две специјални награди.

Наградата „Александар Крстиќ“ ќе се додели за најдобра работа на домашни автори, за проект реализиран во Србија. Оваа награда ќе биде доделена во знак на сеќавање на инженерот Александар Крстиќ (1902-1980), кој беше првиот едуциран пејзажен архитект во Србија.

Покрај тоа, ќе се додели и наградата „Стеван Милинковиќ“ која ќе биде за најдобра студентска работа, а во спомен на Стеван Милинковиќ (1926-1992), професор по пејзажна архитектура.

Посетителите на изложбата ќе бидат во можност да видат решенија за планирање и дизајн на различни области, почнувајќи од широките предели кои нудат решавање на проблеми за заштита на природата, заштита на културното наследство, па се до обликувани решенија за паркови, градини, станбен отворен простор, рекреативни простори, зелени покриви, бизнис градини.

За време на изложбата ќе има и неколку придружни настани како предавања, тркалезна маса, презентација на книга.

Салонот за пејсажна архитектура ќе биде отворен до 28 јуни годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top