Еден од најрепрезентативните и најстари саеми во регионот, Меѓународниот саем за техника и технички достигнувања (UFI), кој од 15 до 19 мај ќе се одржи во Белград, прославува 61 година постоење. Во исто време, неговото овогодишно издание се поклопува со еден значаен јубилеј – 80 години од првата манифестација на Белградскиот саем.
Дека овој саем со право има сериозен авторитет и во технолошко-иновативна и во научна и економска смисла, зборуваат бројките од минатата година. Меѓу вкупно 515 изложувачи, имало 168 странски од вкупно 40 земји. Годинава, под насловот „Темпо на иднината“ (Tempo Buducnosti) очекувањата се големи и во поглед на масовноста, но и во поглед на квалитетот на презентираните технички достигнувања.