Еден од водечките саеми од областа на градежната индустрија во регионот на Југоисточна Европа, Саемот з аградежништво во Белград, отворен е вчера, а ќе трае до 21-ви април 2018, на просторот на Белградскиот саем. Оваа сепцијализирана меѓународна манифестација опфаќа најразлични сегменти од градежната индустрија – од истражување и проектирање, преку изградба и одржување на објектите во високоградбата, нискоградбата и хидроградбата, до претставување на најсовремени материјали, градежни машини, уреди и алати. Како еден од најзначајните деловни заштитни знаци на Белград и Србија, настанот е одлична можност и за промовирање на иновативни техничко-технолошки решенија. Оваа година за првпат се воведуваат две нови рубрики на саемот- “Недвижности и инвестиции“ и „Архитектура и урбанизам“.