Насловна / Вести / Меѓународен саем за енергетика во БиХ

Меѓународен саем за енергетика во БиХ

ENERGIA
Во Тузла, Босна и Херцеговина, на 9 јуни започна петтиот Меѓународен саем за енергетика ENERGA, кој ќе трае до 12 јуни. Во рамките на саемот ќе бидат одржани панели за развој на секторот енергетика во Босна и Херцеговина, системите за мерење на квалитет на јаглените, заштита на металите, штедење на ресурсите и сл. Ќе биде одржана и тркалезна маса на тема „Рударско-енергетски и еколошки проекти“, како и доделување на признанија на учесниците.

На манифестацијата учествуваат над 120 излагачи од 11 земји од Европа и Азија, а посебно внимание ќе се обрне на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top