Минатата година, за прв пат во Лос Анџелес се одржа мошне значајна париска изложба на фотографии, која инаку постојано се одржува низ Европа веќе 17 години со покровители како што е Giorgio Armani. Изложбата претставува повод за одржување на Меѓународен саем на уметничка фотографија, кој се одржа неодамна, а на којшто учествувале 81 галерии од 18 земји, кои своите дела ги изложиле во славните студија на Paramount.
Така, биле изложени делата на Steven Shore, пионер на фотографијата во боја, но исто така и фотографии на Французинот Guy Bourdin, познат по експериментирањето со мотиви. Велика Британија била претставена со дела од David Bailey, кој станал познат во светот на шоу-бизнисот со своите снимки со Кејт Мос или Џери Хол.
Само за изложбениот саем, по првпат биле отворени полициски архиви од Лос Анџелес од кои биле избрани највпечатливи фотографии кои досега никогаш не биле објавени, а кои се снимени со таква прецизност што личат на кадри од криминалистички филмови.