Насловна / Архитектура / Меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на стадионот ФК „Бокељ“ во Котор

Меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на стадионот ФК „Бокељ“ во Котор

Општина Котор распишува конкурс за идејно архитектонско решение на стадионот на ФК „Бокељ“ во населбата Шкаљари во Котор. Конкурсот е меѓународен, општ, едностепен и анонимен.

Краен рок за поставување прашања е 19 декември 2022 година, а рок за предавање на трудовите е 16 февруари 2023 година.

kon

Од идејниот проект се очекува да се предложи функционално и препознатливо решение кое ќе биде основа за изработка на техничка документација за реализација на овој проект.

Жирито го сочинуваат пет члена: претседател Проф. д-р Вељко Радуловиќ, д.и.а. и членови Проф. д-р Милијана Зековиќ. д.и.а,  Проф. д-р Крунослав Иванишин, д.и.а., Сенка Лазаревиќ, д.и.а. и Момир Ѓурѓевац, генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Резултатите на конкурсот ќе бидат објавени до 16.03.2023 година.

Наградниот фонд изнесува 30.570,00 евра (со калкулиран данок) и ќе биде распределен на следниот начин:

I награда – 15.000,00 евра

II награда – 7.000,00 евра

III награда – 5.000,00 евра

Наведените награди се во нето износ.

Сите информации и конкурсниот материјал можете да ги погледнете на линкот:

https://www.kotor.me/me/vijesti/me%C4%90unarodni-konkurs-za-idejno-arhitektonsko-rje%C5%A0enje-stadiona-fk-%E2%80%9Cbokelj%E2%80%9C-u-kotoru/

Испрати коментар

Scroll To Top