Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора распиша меѓународен конкурс за идејно архитектонско решение на Центарот за прием на животни од списокот CITES и ЗОО градина со придружната контактна зона во Беране.
Конкурсот е меѓународен, општ, едностепен и анонимен.
Од учесниците се очекува да понудат решение кое со целосно почитување на природните и морфолошките карактеристики на подрачјето ќе предложи нова специфична содржина која соодветно ќе ги третира реката и другите затечени и планирани елементи од контактната зона на опфатот. Покрај постигнувањето високи амбиентални вредности и атрактивен дизајн, неопходно е да се обезбеди пристап до содржините за сите групи корисници. За активно користење на просторот, потребно е опфатот на Конкурсот да се збогати со содржини кои ќе поттикнат интензивно користење, како од жителите на Беран, така и од посетителите од другите градови на Црна Гора.
Целта е да се создаде нов модерен афирмативен простор на територијата на општина Беране, кој ќе придонесе за едукација и унапредување на грижата за загрозените животински видови, како и за севкупната понуда на градот и мапирањето на Беране како посебна туристичка дестинација.
Краен рок за предавање на трудовите е 30 септември 2022 година.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до 17 ноември 2022 година.
Конкурсниот фонд, според проценетата вредност на инвестицијата, изнесува 40.000,00 евра бруто.
Наградниот фонд изнесува 26.000,00 евра бруто и ќе биде распределен на следниов начин:
Прва наградата – 12.000,00 евра
Втора награда – 7.500,00 евра
Трета награда – 3.500,00 евра
Два откупа од 1.500,00 евра поединечно
Сите услови на Конкурсот, рокови, начин на обработка и доставување на конкурсните трудови, се дефинирани со Конкурсот и конкурсната задача, а кои се составен дел на конкурсната документација.
Конкурсна документација: ЛИНК