На првото издание на SHARE Skopje 2017, архитекти од девет земји (Албанија, Австрија, Белгија, Бугарија, Косово, Македонија, Романија, Турција, Велика Британија) ќе ги претстават своите меѓународни и наградени проекти.
По успехот на Меѓународниот форум за архитектура и инженерство SHARE во Букурешт, Варшава, Краков, Будимпешта и Софија, на 5 септември ќе се одржи првото издание на SHARE Skopje 2017.
Форумот е организиран во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Асоцијација на архитекти на Косово, Албанската асоцијација на архитекти и во партнерство со Комората на архитекти во Бугарија.
Настанот SHARE International Architecture Forum ќе биде фокусиран на фасади, покриви, подови и ентериерски дизајн, како и на најнови примери и извонредни резултати во европската архитектура
На SHARE Skopje 2017 ќе учествуваат над 200 архитекти од двете земји – Македонија и Косово: дизајнери, проектанти и корисници, лидери во градежниот пазар, компании со решенија за фасади, покриви, подови и ентериерски дизајнер.
Проектите што ќе бидат презентирани од меѓународните и македонски архитекти на SHARE Skopje 2017 биле наградени на многу конкурси и архитектонски натпревари како што се World Architecture Festival, Iconic Awards, Architizer a+ award, Wan Awards, MIPIM, European Property Awards, German Iconic Awards, World’s Best International Highrise Architecture -International Property Awards, Aga Khan Award for Architecture, Mies van der Rohe Awards.
Специјалниот гостин на конференцијата е архитектот Maurizio Meossi, senior Associate of Zaha Hadid Architects. Тој ќе ги сподели со публиката na SHARE Skopje 2017 архитектонски концепти кои стоеја зад резиденцијалниот комплекс CityLife Milano. Како соработник од 2014 година, Maurizio Meossi ги предводел дизајнерските тимови за други големи станбени проекти како што се Grace on Coronation residential towers во Бризбејн, Австралија (во моментов се градат) и два објекта во Мексико, вклучувајќи го и проектот Esfera Monterrey, комплекс од 981 станови.
Меѓу гостинските говорници своето присуство го потврдиле: арх. Мартин Пановски – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, арх. Астрит Никша – претседател на Асоцијацијата на архитекти на Косово, арх. Борислав Игнатов – претседател на Комората на архитекти во Бугарија, арх. Арманд Вокши – претседател на Асоцијацијата на албанските архитекти, арх. Керем Јазган од Yazgan Design Architecture, арх. Johannes Baar – Baarenfels од Baar-Baarenfels Architekten, арх. Ангел Захариев од A&A ARCHITECTS OOD, арх. Џузепе Фарис од Studio Farris, арх. Пако Радовановиќ од РАДО Инженеринг Скопје, арх. Јана Гугуловска од RADiUs Architects, арх. Ѓорѓи Мојсов – архитект во ГМС, арх. Илир Мурсели од MA+P и Florin Mindirigiu, главен организатор, претседател на Pro Event Association.
Профилите на архитекти се достапни на www.skopje.ieriff.eu/
Ќе биде организирана и меѓународна дебата со присуство на четирите претседатели на националните асоцијации на архитекти: Македонија, Бугарија, Косово и Албанија.
Влезот е слободен за членовите на коорганизациските асоцијации на архитекти. Настанот на 5 септември ќе се одржи во хотелот Мариот во Скопје. Сите заинтересирани можат да се регистрираат за учество на SHARE International Architecture and Engineering Forum Skopje на следниот линк http://skopje.ieriff.eu/.