Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair, минатата година стана еден од најголемите загадувачи во Европа, а за прв пат станува збор за компанија која не е термоцентрала на јаглен, покажуваат податоците од Европската комисија. Податоците кои ги собрала истражувачката група Transport & Environment од Брисел, покажуваат дека Ryanair емитувал 9,9 мегатони CO2 во 2018 година, со што авикомпанијата стана десети најголем загадувач. Термоцентралите – од кои седум во Германија, ги претставуваат останатите 9 во топ10. Најголем емитер на стакленички гасови е полската термоцентрала на јаглен Белхатов, втората по големина светска електрана на фосилни горива. Од ова рангирање се исклучени земјите кои не се членки на ЕУ.