Насловна / Архитектура / Меѓу наградените решенија за новиот здравствен дом во Подгорица и тим од Македонија

Меѓу наградените решенија за новиот здравствен дом во Подгорица и тим од Македонија

Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора ги објави резултатите од меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение за објектот на здравствениот дом во Сити кварт во Подгорица, а првата награда во износ од 30.000 евра ја доби проектот на подгоричкото студио БИРО 81000, чии автори се Иван Јовиќевиќ и Душан Ѓуровиќ со соработниците Мина Гутовиќ, Теодора Бјелиќ и Душан Влаховиќ.

1-nagrada-dz-ck-pogorica-2

Прва награда

Втората награда (20.000 евра) ја доби проектот на студиото Тактика од Белград, потпишан од архитектите Стефан Ѓорѓевиќ и Далиа Дуканац со соработничките Кристина Жилиќ, Маја Савиќ и Татјана Аргакијев, додека третата награда (10.000 евра) доделена е на авторски тим од Македонија кој го сочинуваат Марија Димитриевска Цилакова, Викторија Богданова, Даница Спасевска, Маја Димитриевска и Невенка Георгиевска.

2-nagrada-dz-ck-pogorica-2

Втора награда

Како што наведе стручното жири, имајќи ги предвид исклучителните квалитети постигнати со конкурсниот труд, а кои се одразуваат во решавањето на функцијата, волуметријата на објектот, материјализацијата и односот кон околината, посебно признание припадна на проект чиј автор е турскиот архитект Бурак Пеленк со соработниците Еда Јазкурт Пеленк, Хумејра Канитоглу, Илајда Караџа и Бушра Ѓул Гурсој.

3-nagrada-dz-ck-pogorica-1

Трета награда

4-special-commend-4

Специјална награда

Компактна ламелна организација на првонаграденото решение

Победничкиот проект на Бирото 81000 предлага урбанистичка шема на компактна ламелна организација на новиот здравствен дом.

„Четири програмски ламели, јасно дефинирани, поврзани со серија ходници – централен ходник/улица и периферни отворени ходници/пасарели- воспоставуваат активно програмско преплетување на зелените атриуми и медицинските програми на новиот објект“, наведува жирито и додава: „Програмската организација на предложениот Здравствен дом е јасна – внатрешната организација на објектот ја воспоставува централната јавна оска на проектот – внатрешна улица – која ги поврзува ламелите и воспоставува јасен систем на просторна организација.“

1-nagrada-dz-ck-osnova-prizemlje

Прва награда

Се наведува и дека доследно модуларната и систематична организација на ординациските трактови овозможува значителна флексибилност во потенцијалниот развој на проектот – „така е можно да се замисли (во рамките на истата организациска мрежа) различна распределба на одделенијата, како и различна дистрибуција на поединечни ординации и канцеларии во самите одделенија“.

Отворените и полузатворените надворешни ходници – галерии или пасарели- дополнително обезбедуваат простори за одмор и релаксација на вработените и пациентите, како и можни идни потребни врски меѓу различните програмски компоненти на објектот, се посочува во образложението.

1-nagrada-dz-ck-osnova-suteren

Прва награда

„Решението е суверено на сите нивоа – од јасната урбана и морфолошка дефиниција на проектот, до воспоставување чиста и повторувачка внатрешна структура, која ја дефинира програмата како речиси машински повторен макро и микро растер, а кој и покрај тој ‘технички’ пристап има потенцијална човечка димензија – преку организација на интерни комуникации и чекални ориентирани кон зелените внатрешни атриуми, со ѕид одвоени од животот на улицата, се воспоставува потенцијално поетски контемплативен зелен простор на новиот здравствен дом“, заклучува жирито.

Прва награда: БИРО 81000

1-nagrada-dz-ck-pogorica-1 1-nagrada-dz-ck-pogorica-3 1-nagrada-dz-ck-pogorica-2 1-nagrada-dz-ck-pogorica-5 1-nagrada-dz-ck-pogorica-6 1-nagrada-dz-ck-pogorica-7

Втора награда: Тактика од Белград

2-nagrada-dz-ck-pogorica 2-nagrada-dz-ck-pogorica-3 2-nagrada-dz-ck-pogorica-2

2-nagrada-dz-ck-pogorica-6

2-nagrada-dz-ck-pogorica-4

Трета награда: Тим од Македонија

3-nagrada-dz-ck-pogorica-6 3-nagrada-dz-ck-pogorica-7 3-nagrada-dz-ck-pogorica-8 3-nagrada-dz-ck-pogorica-9

Специјална награда: Бурак Пеленк

4-special-commend-2a

4-special-commend01

Испрати коментар

Scroll To Top