Насловна / Архитектура / „Мегарон Инженеринг“ со реакција поради изјавите на Арсовска во однос на проектот за Универзална сала

„Мегарон Инженеринг“ со реакција поради изјавите на Арсовска во однос на проектот за Универзална сала

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека претходното раководство на Град Скопје е причина за намален интензитет на активностите на реконструкцијата на Универзалната сала, затоа што оставиле проект, како што таа вели, со недостатоци и грешки.

4H5A0522

Арсовска изјави : „Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните“.

Таа во својата изјава посочи дека документацијата за реконструкција на салата во моментов е во фаза во која се прави реконструкција на фасадата и кровот, додека за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработен проект.

4H5A0497

Исто така Арсовска изјави: „По воведување во работа, изведувачот се соочува со низа проблеми од обемен карактер, односно се појавуваат проблеми поради неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи, односно воопшто непостоење на арматура во темелни ѕидови, испукана армирано-бетонска плоча на сцена, неочекувани постојни темели на места на кои се предвидени новите конструктивни елементи и слично“.

4H5A5707

Проектот за реконструкција на Универзална е донација на проектантското биро „Мегарон инженеринг“, а градежните работи ги изведува фирмата „Универзал Балкан“.

По изјавите на Арсовска реагираа од проектантското биро Мегарон Инженеринг ДОО – Скопје. Реакцијата ја пренесуваме во целост

 Реакција на  Прес Конференцијата на Градоначалничката на Град Скопје, Г-ѓа Данела Арсовска по повод стопирањето на реконструкцијата на Универзална Сала – Скопје

Почитувани,

Во врска со наводите кои се изнесени од страна на градоначалничката на Град Скопје околу проектната документација за реализација на реконструкцијата на Универзална та Сала, сакаме да го кажеме следното:

– Друштвото за проектирање и услуги Мегарон Инженеринг ДОО – Скопје до Град Скопје достави понуда за донација на проект во 2021 година, која беше прифатена од Советот на Град Скопје.

– Проектната документација беше поделена во две фази на барање на Град Скопје и тоа Фаза 1: Реконструкција на фасадна обвивка и кровен покривач и Фаза 2: Изработка на Основен Проект за сите останати техничко-технолошки фази и ентериер.

– Фазата 1 се предаде на Град Скопје заедно со Стручна Ревизија на проектната документација и со позитивно мислење од страна на ИЗИИС и таква доби Решение за Адаптација од Општина Центар.

– Мегарон Инженеринг изработи ревидиран проект за челичната конструкција откако на лице место се утврдија неправилности на постојните темели и плочи и откако се утврди потреба од нови конструктивни елементи. Таквиот ревидиран проект е повторно пратен во ИЗИИС и повторно е добиено второ позитивно мислење. Сите позитивни мислења и ревизии на проектната документација се предадени во Град Скопје. Ваквите промени се очекувани при зафати на реконструкција на постојни објекти и се во обем кој во никој случај не ја загрозува стабилноста на објектот и безбедноста на луѓето.

– Мегарон Инженеринг ДОО – Скопје ја изработи и проектната документација од Фаза 2. за што градската администрација е известена.

Мегарон Инженеринг ДОО – Скопје

4H5A5761

IMG_20220222_123756

IMG_20220222_123019

IMG_20220222_123633

IMG_20220222_122735

IMG_20220222_122628

IMG_20220222_122821

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top