Насловна / Вести / Мегапроект кој би можел да го промени светот: Изградба на најкомплексниот погон во историјата на цивилизацијата

Мегапроект кој би можел да го промени светот: Изградба на најкомплексниот погон во историјата на цивилизацијата

На југот на Франција, започна изградбата на најкомплексниот погон во историјата на нашата цивилизација – ITER, кој ќе трае наредните пет години.  Станува збор за научен проект вреден 20 милијарди евра, кој има за цел да се реплицираат процесите кои се одвиваат во Сонцето, т.е со кои треба да се овозможи создавање на енергија со помош на нуклеарната фузија. Концепт кој според научниците во иднина би можел комерцијално да се ползува.

iter1

Станува збор за неограничен извор на чиста енергија, за кој нашата цивилизација сеуште не нашла начин да го искористи. Андреј Сахаров, творецот на руската термонуклеарна бомба, но и добитник на Нобеловата награда за мир во 1975 година, кон крајот на педесетите години предвидел дека фузискиот реактор базиран на неговиот нацрт ќе произведува енергија во текот на 10 или 15 години. Слични предвидувања имале и други физичари, но тоа не се остварило.

За да се монтира џиновскиот, 23.000 тони тежок реактор во рамките на овој проект, потребно е да се вградат милиони разни компоненти, меѓу кои и над 3.000 тони суперпроводливи магнети и над од 200 километри суперпроводливи кабли. Сето тоа ќе биде сместено на температура од -2690C. Накратко, станува збор за најкомплексниот градежен потфат на денешницата. Почетокот на работите го обележија и францускиот претседател Емануел Макрон и јапонскиот премиер Шинзо Абе, чија земја учествува во овој проект заедно со ЕУ, САД, Велика Британија, Кина, Индија, Јужна Кореја и Русија.

iter4

„Доколку овозможиме користење на чиста енергија, тоа ќе биде чудо за нашата планета. Но, морате да бидете свесни дека изградбата на овој погон е исклучително сложен процес во текот на кој мора да бидеме прецизни како швајцарски часовник“, изјавил главниот директор на проектот ITER, Бернар Биго.  Кога ITER ќе биде завршен, во 2025 година, ќе започнат и првите експерименти, а до 2035 година би требало да биде готова и изградбата на демонстрацискиот реактор DEMO, со моќност од 3 GW, кој ќе произведува електрична енергија. Крајната цел е започнување на комерцијално производство до 2050 година.

 

iter3

Испрати коментар

Scroll To Top